Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството.
За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка.
Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.
Мистериозниот случај во Стајлс
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Агата Кристи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Запишано со крв
Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели п..
456 ден 570 ден
Момчињата од гробиштата
Јадриел повика дух и сега не може да се ослободи од него.Кога неговата традиционална латиникс заедни..
413 ден 550 ден
Кога лажев за последен пат
Една мистерија и една вистина закопани под многу лаги се темел на овој брилијантен психотрилер што ќ..
375 ден 500 ден
Девојките што горат
Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни...
400 ден 500 ден
