Кога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот ден го наоѓаат убиен во неговата работна соба, во малото англиско село Кингс Абот се јавуваат уште повеќе озборувања од вообичаеното. Се слуша дека госпоѓата Ферарс си го отрула сопругот годината претходно, па дека била во љубовна врска со Акројд, а се зборува и дека била уценувана затоа што некој дознал за делото што го сторила. Но, која е причината зад убиството на Акројд?

Овој случај е целосна мистерија за локалната полиција, но за среќа тука е прочуениот детектив Херкул Поаро, кој, од неодамна пензиониран, станал постојан жител на Кингс Абот со желба да одгледува тиквички во неговата градина. Тој се согласува да го преземе случајот, при што негов постојан придружник е докторот Шепард, воедно и наратор на приказната. Во текот на истрагата Поаро открива низа тајни, главно врзани за љубов и пари, а случајот ќе биде решен со еден мошне возбудлив пресврт на настаните. 

Романот „Убиството на Роџер Акројд“, објавен во 1926 година, се смета за роман со кој Агата Кристи стекнува голема популарност и поширока читателска публика.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Убиството на Роџер Акројд

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Девојките што горат

Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни...

Автор:

400 ден 500 ден

Скриено во сенките

#2 УБИСТВАТА ВО ОРЕ Тајни, одмазда и брутално убиство ја нарушуваат идиличната зимска атмосфера..

Автор:

375 ден 500 ден

13 минути

Прогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.Не се сеќавам како завршив во с..

Автор:

368 ден 490 ден

Затворениот ковчег

Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот ..

Автор:

300 ден 400 ден

Ознаки: ubistvoto na rodjer akrojd, agata kristi