Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.
Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?
Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…
Слични продукти
Сивиот човек
Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на Нетфликс.Корт Гентри е до..
500 ден
Семејство
Лора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финанс..
450 ден
Подарокот
Милан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште седи ужасно пре..
550 ден
Пакетот
Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска с..
420 ден
Ознаки: ubiecot so raspetieto, kris karter

