Она што е загубено ќе се открие..
Вашингтон: Симбологот од Харвард, Роберт Лангдон, е повикан во последен миг да одржи вечерно предавање во Капитол. По неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата, се појавува еден вознемирувачки предмет, морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна загубен свет на скриена езотерична мудрост.
Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон, филантроп и истакнат масон, брутално е киднапиран, сфаќа дека единствената надеж да го спаси животот на својот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед каде таа ќе го одведе.
Лангдон брзо се наоѓа себеси затворен зад бедемите од најмоќниот град во Америка, во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно скриено минато во кој се чини дека масонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до невозможна и незамислива вистина.
Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, Загубениот симбол претставува интелигентен, молскавичен трилер, кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајна којашто се крие пред очи..
Загубениот симбол
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Ден Браун
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Островот Сахалин
Северна Кореја прва го зададе ударот, а САД не го остави ударот без одговор, така што избувна Третат..
323 ден 430 ден
Авантурите на Шерлок Холмс
„Детективот консултант“ Шерлок Холмс ги решава злосторствата на криминалците на воодушевувачки начин..
263 ден 350 ден
Само Бог простува
#3 инспекторот Виктор НиколовДекември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишнио..
300 ден 400 ден
Ознаки: zagubeniot simbol, den braun

