Романтична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините.
На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение. Од чист очај, таа е принудена да ја прифати понудата, но приказната се заплеткува кога Флора почнува да се вљубува во еден член на семејството.
Половина век подоцна, дизајнерка на градини, Адисон, престојува во англиската вила, која сега ја поседува семејството на нејзиниот сопруг, Рекс. Тие двајца имаат страст за решавање мистерии, која овде ја потпалува мистериозната камелија и еден стар градинарски дневник што го наоѓаат во куќата. Неговите страници упатуваат на нешто злобно скриено. Дали опасноста што некогаш ја демнела Флора сè уште е жива? И дали Адисон ја чека истата судбина?
Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.
Последната камелија
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сара Џио
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
И боговите имаат интернет
Што би се случило кога неочекувано би се појавил стариот дневник пишуван пред речиси четириесетина г..
315 ден 420 ден
Неверојатно бистри суштества
Во најтесен избор за најдобар роман во 2022 година на „Гудридс“.Најпродавана книга според Њујорк тај..
450 ден 600 ден
Ова завршува со нас
Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.Лили Блум немала лесно дет..
300 ден 400 ден
Ознаки: poslednata kamelija, sara djio

