Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.
Но, една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но, некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…
Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.
Тајната на Тоскана
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Анџела Печ
- Достапност: На залиха
- 570 ден
-
456 ден
-
- 1 или повеќе 456 ден
Слични продукти
Поврзаноста на Кали и Кајден
Сите жени го гледаат Кајден како плејбој, но тој страда во тишина.Една ноќ кога мисли дека повеќе не..
336 ден 480 ден
Тајната книга на Флора Лиа
Врз разурнатиот Лондон во 1939 година, четиранесетгодишната Хејзел и нејзината петгодишна сестра Фло..
416 ден 520 ден
Љубов пред Божиќ
„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”По тешки..
360 ден 450 ден
Јас, Маргарита
Јас, Маргарита” е книга со раскази за мажи и жени, љубов и омраза, цинизам и надеж – интересна и по ..
210 ден 300 ден
Ознаки: tajnata na toskana, andjela pec

