Во "Вкусот на гревот" и во продолжението "Разоткривање" на овој бестселер, секоја реченица е храбра, провокативна и до последен збор вистинита. Главна хероина во романот е самата авторка, која читателите ги води на возбудливо патување низ својот неверојатен живот.
Вљубувања, оние големи и оние само за една ноќ, врски со славни мажи, со актери, со сликари и музичари кои коленичеле пред неа, авантури, случувања, животни неволји, успеси, брак, прељуба, забранети врски, тајни што другите никогаш не би ги признале, сето ова е опишано на страниците на оваа книга со зборови коишто удираат директно во срцето.
Отфрлана уште како дете, оваа жена која многу брзо ќе постигне богатство и статус, животот на висока нога не ја променил. Таа не крие дека во исто време е и фатална заводничка, а и сопруга посветена на својот сопруг дури и кога тој ја издава и ја изневерува, мајка која им го дала најдобриот дел од себе на своите деца.
Таа не се преправа. Во оваа приказна ниту едно чувство не е скриено: ниту чудниот вкус на еротиката што бликнува од страниците на романот „Вкусот на гревот” и на неговото продолжение „Разоткривање“, ниту љубовта, голема и безусловна, со која започнува и завршува патувањето на авторката.
Разоткривање
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Зорана Шулц
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Над дождот
Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..
443 ден 590 ден
Вистинскиот за мене
Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..
336 ден 420 ден
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
413 ден 550 ден
Со љубов од Лондон
Кога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родн..
392 ден 490 ден
Ознаки: razotkrivanje, zorana sulc

