Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...
Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки... сѐ до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!
Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но, брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи... А, и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.
Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?
Токио засекогаш
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Емико Џин
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Спротивни светови
Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..
413 ден 550 ден
Војна и љубов
1917 год. Првата светска војна е во својот зенит, кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една за..
416 ден 520 ден
Кога повторно ќе се сретнеме
Кога Изи Астор се качува во авион на лет за дома, не очекува којзнае што. Вообичаеното патничко иску..
456 ден 570 ден
Ознаки: tokio zasekogas, emiko djin
