Убавата мразачка на Божиќ е решена по секоја цена да ја добие работата од соништата, макар и да мора да мине една седмица во Божиќниот камп – место каде што неочекувано открива љубов.
За Хејли Хенсон, идеалниот Божиќ е оној поминат на Карибите, избегнувајќи ги сите традиционални обичаи и настани. Со години го жртвува личниот живот додека се искачува на сè повисоки позиции во една престижна рекламна агенција во Бостон. Но, сега, ако сака да стане партнер во фирмата, ќе мора да склучи голем договор со компанија која произведува божиќни играчки.
Нејзиниот шеф, Лари, смета дека Хејли треба треба да си го подобри ставот кон празникот, па ја праќа во Божиќниот камп, место кое ќе треба да ѝ помогне да го пронајде празничниот дух. Хејли пристига во убавото планинско одморалиште и таму го запознава Џеф, згодниот син на сопственикот. Меѓу нив се раѓа привлечност, но Хејли се обидува да остане сконцентрирана на тоа за што е дојдена во кампот, а тоа е работата.
Дури откако конечно си дозволува да се опушти и да го живее мигот, почнува да се зближува со него. Сепак, нивната врска претрпува сериозен удар кога Џеф дознава дека Хејли смислила план како да му помогне на неговиот татко да го спаси пансионот западнат во парични проблеми, додека тој се обидува да го убеди да го продаде. Сега ќе биде потребно многу празнична магија за да се спојат повторно овие две срца...
Божиќен камп
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Карен Шалер
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Догодина во исто време
Роман полн со надеж и хумор, кој ја раскажува приказната за едногодишниот лажен брак помеѓу две лица..
293 ден 390 ден
Ти си мојот живот
… Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика: "Кај си, сонце на мама. Кај си, среќ..
263 ден 350 ден
Спротивни светови
Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..
413 ден 550 ден
Позајмени сништа
Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?Понекогаш посакувам..
225 ден 300 ден
Ознаки: bozikjen kamp, karen saler
