TAA...
Во срцето на сончевата Тоскана, каде што лозјата кријат повеќе тајни отколку грозје, една девојка којашто животот си го има изградено на разум и контрола, добива задача што изгледа сосема обично – проценка на имот чиј сопственик е мистерија. Во свет каде што секоја тајна може да биде опасност, а секој поглед искушение, она што почнува како обична деловна обврска, брзо се претвора во лична борба. Зад вратите на тој имот се крие свет на моќ и тајни кој не ѝ е познат.
TOJ...
Мистериозниот наследник, чие име и презиме носи повеќе страв отколку почит, кој доаѓа од свет на моќ, од пари и сенка на мафија, открива дека наследството не носи само богатство, туку и минато од коешто не може да се избега. Минато обвиено со моќ, тајни и сенки што не исчезнуваат.
TИЕ...
Меѓу двата различни света, каде што живеат и немирите на сопствените срца, се раѓа љубов што пркоси на лагите, стравовите и крвта. Љубов што започнува во лага, но преживува во вистини што носат опасност, и станува посилна од сите предизвици.
Може ли љубовта да никне таму каде што вистината се крие зад маски? И, кога срцето е на крстосница помеѓу доверба и опасност, единственото прашање е: дали љубовта може да
преживее таму каде што животот има цена...
Опасноста што ја љубам
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Маја Симоновска
- Достапност: На залиха
- 360 ден
-
270 ден
-
- 1 или повеќе 90 ден
Слични продукти
Последната пролет во Париз
Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача ќе ги спои судбините на две непознати жени. ..
338 ден 450 ден
Вистинскиот за мене
Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..
336 ден 420 ден
Кралицата Шарлота
„Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“Во 1761, еден сончев септемвриски ..
416 ден 520 ден
Ознаки: opasnosta sto ja ljubam, maja simonovska
