“Барам сопатник или сопатничтка за својата последна авантура…” Вака почнува огласот што Емил го објавува на интернет, еден ден кон крајот на јуни. Решава да го направи сето она за што никогаш немал време, она што секогаш го одложувал затоа што така оди тоа во животот, постојано чекаме некоја подобра шанса.
Сака да побегне од болницата, од сочувствата на семејството и пријателите и да тргне на патување низ неиспитани пејзажи, во кои нема ништо освен природа и тишина… Без одреден датум на враќање. Не очекува дека некој навистина ќе се јави на неговиот оглас, ама греши.
Три дена подоцна, покрај автокамперот што го купи во тајност, ја наоѓа Жоана, девојката со голема црна шапка на главата и со златни сандали на стапалата. И така, во малиот кампер, низ шумите полни со мириси, покрај бреговите на темносините езера и бистрите потоци, по патеките што кривулесто се искачуваат меѓу врвовите на Пиринеите и преубавите села на Окситанија, тој и таа тргнуваат на пат. Не зборуваат многу, можеби барајќи некоја друга димензија во која може да се запознаат и да ги пронајдат вистинските зборови: оние што го допираат срцето, ама не повредуваат.
Бестселер што ги освои читателите во светот, приказна за радоста на живеењето, апсолутната убавина во откривањето на другите луѓе, магијата на нашите чувства. Светски и француски издавачки феномен, според кој е снимен филмот во продукција на „Нетфликс“.
Целата небесносина боја
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Мелиса да Коста
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
525 ден
-
- 1 или повеќе 525 ден
Слични продукти
Првата кралица
Во земја каде што мажите носат превез, една жена го прекрива својот идентитет – се преправа во маж.К..
328 ден 469 ден
Вистинскиот за мене
Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..
336 ден 420 ден
Девојката на перонот
Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбр..
343 ден 490 ден
Ознаки: celata nebesnosina boja, melisa da kosta
