Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одржување на нејзиниот имиџ како „поп принцеза“. Па, инспирирана од омилениот филм со Одри Хепберн, Празник во Рим, влегува во својот автомобил сред ноќ и заминува на мал одмор во Рим… во Рим во Кентаки.
Кога Ноа ја наоѓа Амелија во својот двор откако ѝ се расипува колата, тој јасно ѝ дава до знаење дека нема ни време, ни трпение за проблемите на славните. И онака е премногу зафатен со водење на бизнисот оставен од баба му и константното потсетување на љубопитните соседи да си ја бркаат својата работа. Но, и покрај тоа што знае дека не е паметно, ѝ дозволува да отседне во неговата гостинска соба – но, само додека да ѝ ја поправат колата. Потоа нека прави што знае.
Но, тогаш Ноа почнува да гледа поинаква страна од Реј Роуз – таа е Амелија: добродушна и откачена, сепак осамена од годините поминати под лупата на јавноста. Посилно е од него, не може да не се зближи со неа. Таа наскоро ќе мора да се врати на својот гламурозен живот и турнејата, но во меѓувреме, Ноа ќе ѝ ги покаже сите прекрасни страни на својот мал град, сите искуства кои ги пропуштала, а таа ќе му помогне повеќе да го отвори срцето. Амелија не може да не го засака малото гратче и намќорестиот туристички водич, но дури и Одри мораше да го напушти Рим на крајот.
Љубов во Рим
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сара Адамс
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Љубовта не гори во пожар
Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа н..
323 ден 430 ден
Се што заборавила Алиса
Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.&nbs..
440 ден 550 ден
Ознаки: ljubov vo rim, sara adams
