Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.
Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.
И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.
Како намќорот го спаси Божиќ
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Клер Кингсли
- Достапност: На залиха
- 470 ден
-
376 ден
-
- 1 или повеќе 376 ден
Слични продукти
Од жарјето
Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример: оглушувачкиот звук на експлоди..
336 ден 420 ден
Среќа за почетници
Од авторката на "Љубовта не гори во пожар". Емотивна, забавна, романтична....
323 ден 430 ден
Рецептот за надеж
Еви бега од навидум блескавиот живот со нејзиниот речиси бивш сопруг. Од загубата на нејзиното бебе...
368 ден 490 ден
