Сите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А, Пенелопе Федерингтон потајно го обожава братот на нејзината најдобра пријателка… па, се чини отсекогаш. Со оглед на тоа дека половината свој живот го набљудува Колин Бриџертон од далечина, смета дека знае сѐ што може да се знае за него, сѐ додека не налета на неговата најдлабока тајна… кога одеднаш почнува да се плаши дека никогаш воопшто и не го познавала.
На Колин му е смачено од тоа што сите го сметаат за обичен празноглав шармер и особено му е смачено од колективната преокупација со озлогласената колумнистка на гласишта и озборувања, Леди Вислдаун, која како да не може да објави издание без да го спомне токму него во првиот параграф. Но, кога се враќа од патувањата во странство, открива дека ништо во животот повеќе не е исто – особено не Пенелопе Федерингтон! Девојката која го прогонува низ соништата. Но, кога дознава дека и таа има своја тајна, овој недопирлив ерген мора да реши… дали таа е најголемата закана за него – или неговото ветување на среќен крај?
Романса со господин Бриџертон
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џулија Квин, Шонда Рајмс
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
416 ден
-
- 1 или повеќе 416 ден
Слични продукти
Четврто крило
Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови.Дваесетгодишната Вајо..
712 ден 890 ден
Еден ден со тебе
Еден ден, пет животи, но чии срца ќе бидат скршени со завршувањето на ноќта?Денот за сите започна во..
368 ден 490 ден
Завеани за Божиќ
Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…Семеен собирОвој Бо..
392 ден 490 ден
Зрак надеж
Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Н..
416 ден 520 ден
