Додека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови. За време на телевизиското интервју емитувано во живо низ целата земја ја прашуваат како може да пишува романси кога самата досега лично не доживеала нешто романтично. Рајли набрзина вели дека во минатото доживеала една голема љубов која подоцна станала инспирација за нејзините романи. Но, таа не е свесна дека нејзината патемна изјава ќе ѝ го преврти светот на глава.

Интервјуто го гледаат тројца нејзини поранешни момчиња: секој од нив мисли дека зборувала токму за него и сите тројца доаѓаат на нејзиниот книжевен викенд-настан, Божиќниот камп. Секој од нив е решен да ја наговори заедно со него одново да го напише среќниот крај на личната љубовна приказна. Поранешните момчиња на Рајли се натпреваруваат кој ќе ѝ го освои срцето, при што не бираат начини за да го испланираат најромантичното рандеву на светот. Рајли почнува одново да чувствува наклоност кон секој од нив, но на различен начин. Додека се навраќа на трите поранешни врски и притоа дознава повеќе за себеси, Рајли ѝ дозволува на празничната магија да ја обземе и конечно ја наоѓа онаа, вистинската љубов, оној свој среќен Божиќ засекогаш…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Божиќ засекогаш

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Карен Шалер
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 375 ден


  • 1 или повеќе 375 ден

Слични продукти

Еден незаборавен Божиќ

За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената сре..

Автор:

312 ден 390 ден

Мојот неодолив сосед

Првата ноќ откако Керолајн се вселува во нејзиниот фантастичен нов стан во Сан Франциско, таа сфаќа ..

Автор:

315 ден 420 ден

Ова завршува со нас

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.Лили Блум немала лесно дет..

Автор:

320 ден 400 ден

Ова започнува со нас

Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на ..

Автор:

416 ден 520 ден

Ознаки: bozikj zasekogas, karen saler