Магичен роман во која се воспеваат љубовта и празниците обвиени во топлина и мноооогу светлина.
Со пристигањето на есента, доаѓа време Кери Толивер да замине од фармата за божиќни елки во сопственост на нејзиното семејство и да се упати во Њујорк. Таму ќе му помага на својот постар брат продававајќи елки на семејниот штанд на еден уличен агол во Гринич Вилиџ. Кери првпат го доживува Менхетен, подготвена да се избори и да си создаде свое животно катче.
Во неколкуте недели пред Божиќ, брзо се зближува со симпатичните соседи. Но, еден од нив исчезнува и Кери ќе мора да ја комбинира својата снаодливост на девојка од внатрешноста и новостекнатите њујоршки искуства, со цел да ги заштити новите пријатели кои постепено почнува да ги смета за дел од своето семејство.
Работите дополнително ги усложнува Патрик, разведен татко на Остин, мило дете и голем љубител на змејови. Хемијата меѓу Кери и Патрик е неспорна, но каква шанса навистина има оваа празнична романса?
„Божиќ во големиот, блескав град“ е прекрасен новогодишен подарок завиткан во тантела – вистински ведар и романтичен пакет што чека да биде распакуван за празниците...
Божиќ во големиот, блескав град
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Мери Кеј Ендрјуз
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
413 ден 550 ден
(Не)откриената тајна
Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?Животот на Џи..
368 ден 490 ден
Фустанот и Светец
„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќ..
280 ден 350 ден
Доказ за љубов
По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж..
320 ден 400 ден
Ознаки: bozikj vo golemiot bleskav grad, meri kej endrjuz, божиќ во големиот блескав град
