Бомбај, новогодишната ноќ 1913 год. Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запурничавост на колонијалната Индија, копнее по сè што оставила во Англија. Точно на полноќ, Меди го запознава Лук Деверо и како што се менува годината, така се менуваат и нивните животи. Храбар и харизматичен, Лук ја воведува во чудата на Бомбај, а убавината и живоста на Меди му го запленуваат срцето. Но, нејзината мајка не ја одобрува врската, претпочитајќи го посветениот Гај Боуен како соодветен за нејзината ќерка.
Среде процутот на љубовта меѓу Меди и Лук, светот почнува да се распаѓа. Првата светска војна е на повидок и на Лук нема да му биде даден друг избор освен да се бори. Ќе завршат на различни континенти, разделени од опасности и разорни загуби, но поврзани со ветувањето на Лук дека ќе се сретнат повторно во Бомбај. Неговата единствена желба е да се врати кај неа – но прво мора да се сети која е таа...
Ќе се најдеме во Бомбај
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Џени Ешкрофт
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Чудни цвеќиња
Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од ..
245 ден 350 ден
Клучот на Сара
Париз, 1942 година: Сара, десетгодишна Еврејка, е брутално упасена од француската полиција, зае..
315 ден 450 ден
Ознаки: kje se najdeme vo bombaj, djeni eskroft
