Се запознавме на венчавката на мојата најдобра пријателка. Кришум се погледнувавме цела вечер – не можевме да ја порекнеме силната привлечност што искреше меѓу нас. Јас го фатив бидермаерот, тој жартиерот. Почитувајќи го свадбениот обичај, танцувавме заедно. Припиени еден до друг, ми предложи да ѝ се препуштиме на страста. Неговите перверзни зборови требаше да ме згрозат, но поради некоја луда причина, го имаа токму спротивниот ефект. Завршивме во мојата хотелска соба. Следното утро заминав за Њујорк, давајќи му погрешен број.
Често мислев на него, но по последната врска се заколнав дека нема да се гледам со згодни и вообразени момци. Кога по една година се сретнавме кај заеднички пријатели, огнот меѓу нас воопшто не беше стивнат. Ми го побара вистинскиот број, па му го оставив бројот на мајка ми, која умее да го исплаши секој маж со приказни за брак и деца. Мислев дека се спасив, но следната недела се појави кај мајка ми за семејната вечера. Будалестиот, прекрасен маж прифатил двомесечна работа само за да биде поблиску до мене. Ми предложи да го поминеме времето испреплетени под чаршафите. Осум недели поминати во неверојатен секс без обврски? Немав што да изгубам. Барем така си мислев.
Но, знаете како велат – и најдобро смислените планови можат да се изјаловат...
Плејбој
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Вај Киленд
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Уметноста на наследување тајни
Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните спис..
375 ден 500 ден
Изгубената ќерка
Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..
368 ден 490 ден
Невидлива убавина
Емброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои гор..
338 ден 450 ден
Токио засекогаш
Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...Изуми Танака – или едностав..
368 ден 490 ден
Ознаки: plejboj, vaj kilend
