„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.
„Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?
„Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…
Фустанот и Светец
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Колин Хувер
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Војводата и јас
Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонув..
360 ден 450 ден
Безобразни писма
Грифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни,..
360 ден 450 ден
Еднаш и засекогаш
Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..
392 ден 490 ден
Љубовни неврони
Што би направила Марија Кири ако…Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Ма..
400 ден 500 ден
Ознаки: fustanot i svetec, kolin huver
