Едно последно писмо. Неговата последна желба. Оди и биди со неа…

Бек,

Ако го читаш ова… го знаеш она за последното проштално писмо. Ти преживеа. Јас не. Немој да чувствуваш вина, затоа што те познавам и ако си имал шанса да ме спасиш, ќе си ме спасел. Затоа, без разлика во каква длабока, темна јама на вина се валкаш сега, престани.

Сепак, сакам да те замолам за една услуга – остави ја војската и оди во Телјурајд. Ела е сосема сама. Прво ни починаа родителите, па нашата баба, а сега Ела ме изгуби и мене. Премногу несреќа за еден човек. Едноставно не е фер.

Па ако мене ме нема, тоа значи дека не ќе можам да се вратам дома, како што планиравме. Не ќе можам да бидам таму за неа. Не ќе можам да ѝ помогнам на Ела да се справи со сѐ. Но, ти можеш. Затоа те молам, како мој најдобар пријател, да се грижиш за сестра ми, за моето семејство. Неправедно е да се бара тоа од тебе; знам. Не си тип што сака да се грижи и да се врзува, но многу ми е потребно ова. Те молам, не дозволувај сама да се справува со сите нејзини проблеми.

Ќе ти чувам место од другата страна, брате, но не брзај се. Искористи ја секоја секунда живот што ти се дава.

Рајан

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Последното писмо

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Ребека Јарос
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 443 ден


  • 1 или повеќе 443 ден

Слични продукти

Еден ден во Декември

Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите. Но, еден снежен ден ..

Автор:

323 ден 430 ден

Давам сè

Итан не може да се помири со тоа што Брин го напушти. Тој не може да живее без неа и е спремен да се..

Автор:

315 ден 450 ден

Убавина од љубов

Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени..

Автор:

343 ден 490 ден

Љубов на втор поглед

Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговоро..

Автор:

443 ден 590 ден

Ознаки: poslednoto pismo, rebeka jaros