Тој знае како да ја погоди целта – на мразот и надвор од него…
Али Хејс е во криза. Наскоро ќе дипломира, а нема поим што ќе прави потоа. За да бидат работите уште полоши, тагува по неодамнешниот прекин на долгогодишната врска. Див, необврзан секс сигурно не е решение за нејзините проблеми, но на згодната хокејска ѕвезда Дин Ди Лорентис е невозможно да му се одолее. Но ќе го направи тоа само еднаш, зашто иако иднината ѝ е несигурна, во неа сигурно нема место за кралот на врските за една ноќ.
…но неговото вообичаено однесување нема да биде доволно за да го освои нејзиното срце.
Дин секогаш го добива тоа што го сака. Девојки, оценки, уште девојки, признанија… Досега ниедна жена не успеала да одолее на неговиот шарм. Сѐ додека не ја запознае Али. За само една ноќ, енергичната русокоса му го превртува светот наопаку – а сега сака да бидат пријатели? Нема шанси! Не е готово додека тој не каже дека е готово. Дин се впушта во непопустлив освојувачки поход, но кога неколку драматични промени ќе му го потресат животот, почнува да се прашува дали можеби не е време да престане да размислува само за погодоците… и да почне да се стреми кон љубовта.
Погодокот
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Ел Кенеди
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Светла страна
Кејт е најневеројатната жена што некогаш сум ја запознал во мојот живот. Таа ме промени, јас станав ..
364 ден 520 ден
Од почетокот
Кејт Вокер верува во вистинска љубов и среќа засекогаш. Иако нејзиниот љубовен живот ja oставил со с..
385 ден 550 ден
Љубовта не гори во пожар
Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа н..
323 ден 430 ден
