Што сè може да се случи за време на медениот месец кога одиш со твојот најголем непријател – романтична комедија на една од најпродаваните авторки на „Њујорк тајмс“.
Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен. Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка… дури успеа да ја финансира целата своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри. За Олив, единственото нешто што е полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот најголем непријател), Итан Томас.
Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со монтирана лажна насмевка на лицето. Но, се случува токму спротивното, свадбената забава тргнува на лошо за сите, освен за Олив и Итан. За да не пропадне добиениот меден месец на Мауи како награда, Олив ќе мора да се одлучи на привремено примирје со Итан за да ужива во рајот. На крајот на краиштата, вреди десет дена да се преправа дека е на меден месец, нели? Но, чудно е тоа што… Олив нема ништо против да се преправа. Всушност, колку повеќе се преправа дека е најсреќната жена на светот, толку повеќе се чувствува како да е... „МЕДЕН МЕСЕЦ“ е роман за секој оној што некогаш се почувствувал несреќен во љубовта.
Меден месец
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Кристина Лорен
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Пашата на вкусовите
Ова е приказна за авантура опкружена со ѕвезди и шепотења, којашто започнува во султанската палата Т..
350 ден 500 ден
Град во облаците
Во петнаесетиот век, во застрашувачките ѕидини на Константинопол, живее сирачето Ана. Таа учи да чит..
473 ден 630 ден
Девојката на перонот
Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбр..
343 ден 490 ден
Ознаки: meden mesec, kristina loren

