Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа не е за „украс“. Влетува во пожари, спасува луѓе со реанимација, извлекува деца од автобус што паднал во клисура. За тоа, се разбира, ќе биде одликувана. Спроти доделувањето на одликувањето ја стигнуваат две сенки од минатото. Две зла. Кеси мора да го остави својот живот на страна и да се соочи со сопствената вонредна состојба. Се одлучува за „помалото зло“ и се согласува да оди во Бостон, кај мајката што ја напуштила кога ѝ била најпотребна.

Старата пожарникарска станица во гратчето Лилијан, многу се разликува од пожарникарската станица во Тексас. Не само што нема доволно средства и опрема, туку и жена пожарникар е непосакуван, модерен додаток. Особено ако е жена херој, стручна и способна како Кеси. Нејзиното присуство го прифаќа единствено симпатичниот млад пожарникар почетник. Ама таа не смее да мисли на него. Најважно правило за пожарникарките е „никогаш не забавувај се со друг пожарникар“.

Кеси се колеба. Дали да ја ризикува единствената работа што ја сака и до која дошла со тешка мака?! Се чини дека нејзиниот живот го зафати силен пламен и таа мора да одлучи што ќе спасува: семејството, кариерата, љубовта…


„Кетрин Сентер ги истражува границите на надежта и љубовта. Сторијата за една семејна трагедија се претвора во длабоко искрен водич за исполнет живот.“

– Паблишерс викли



„Сеопфатно и духовито истражување на љубовта и простувањето, од самиoт почеток разбирливо и забавно, трогателно искрено и иронично.“

– Киркус ривјус


„Емотивна приказна за самооткривањето и простувањето.“

– Фреш фикшн

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Љубовта не гори во пожар

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Кетрин Сентер
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Токио засекогаш

Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...Изуми Танака – или едностав..

Автор:

392 ден 490 ден

Тутор за совршена љубов

Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот ..

Автор:

456 ден 570 ден

Божиќна романса

Моли и Ендру се обидуваат да стигнат дома во Ирска за Божиќ, кога поради страшно невреме им го откаж..

Автор:

375 ден 500 ден

Бессони во Менхетен

Мојата љубовна приказна започна со писмо. Но, не од човекот во кого подоцна се вљубив. Писмото беше ..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: ljubovta ne gori vo pozar, ketrin senter