Четири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција за да си најдат сопрузи.
На баловите во Лондон, прекрасната и храбра Лилијан Боуман полека сфаќа дека нејзината независност и темпераментност стекнати во Америка не се баш најатрактивни особини за мажите во Англија. А најкритички настроен кон неа е неподносливиот и невозможен сноб Маркус, лорд Вестклиф – најпожелниот ерген аристократ во Лондон.
Но Лилијан испробува еден нов чудесен парфем кој има магичен ефект врз мажите, па Маркус шокантно – и опасно – одненадеж ја бакнува скришно во градината. Лилијан ја обзема неопислива страст за човек кој не ѝ се ни допаѓа. Во тој момент, времето запира и не постои никој освен тие двајца… жива среќа само што никој не ги начекува на дело!
Маркус е човек кој има максимална контрола над своите емоции, стабилен како карпа. Но со темпераментната Лилијан, секој допир е исклучителна тортура, секој бакнеж неодоливо заведување. Но како би можел да помисли да земе толку несоодветна жена… за невеста?
Се случи една есен
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лиса Клејпас
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Ајде погледни ме сега
Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“. Но, кога ќе остане без р..
315 ден 420 ден
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?Денес треба да биде еден од најлошите денови во ж..
293 ден 390 ден
Целата небесносина боја
“Барам сопатник или сопатничтка за својата последна авантура…” Вака почнува огласот што Емил го обја..
525 ден 700 ден
Љубовното писмо
Приказна со безброј лица... мистерија, акција, шпионажа, романса и закана... опасна игра на мачка и ..
413 ден 550 ден
Ознаки: se sluci edna esen, lisa klejpas

