Портер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги изгубел двете. Тој се труди да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца, да им биде родител каков што заслужуваат, но истовремено се бори со сопствената беспомошност и бес додека го гледа неговото болно синче како му пропаѓа пред очи.

Зборови никогаш нема да ме повредат.

Лаги… Зборови ме уништија.

„Многу ми е жал. Таа не преживеа“.

„Тато, тој не може да дише!“

„Не можеме да направиме ништо за Вашиот син“.

Тие слогови и букви станаа мојот џелат. Си велев дека ако не им придадам значење на болката и стравот, нема да имаат никаква моќ над мене. Но, како што поминуваа годините, така омразата и лутината што останаа почнаа да ме контролираат.

На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.

Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Најсветлото зајдисонце

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Али Мартинез
  • Достапност: На залиха
  • 390 ден
  • 312 ден


  • 1 или повеќе 312 ден

Слични продукти

Двајца во едно срце

Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е..

Автор:

323 ден 430 ден

Давам сè

Итан не може да се помири со тоа што Брин го напушти. Тој не може да живее без неа и е спремен да се..

Автор:

315 ден 450 ден

Убавина од љубов

Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени..

Автор:

343 ден 490 ден

Италијанската ќерка

Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.Есте отсек..

Автор:

368 ден 490 ден

Ознаки: najsvetloto zajdisonce, ali martinez