„Наслада“ e роман на полската авторка Марта Ѓидо награден со Наградата за литература на ЕУ во 2019 година.
Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, во една приградска населба на Варшава, двајца млади љубовници го очекуваат новиот милениум – исплашени дека ќе настапи крајот на светот. Препуштајќи ѝ се на страста, сакаат да испробаат сè. Но нивната желба да им се противат на конвенциите ќе ја проголта и нивната врска…
„Наслада“ е роман љубопитен за сите форми на љубовта и за можноста да се љуби отворено и искрено, дури и кога луѓето не веруваат дека нивната љубов може да опстане.
„’Наслада’ е љубовна приказна за страста и за привлечноста која е толку силна, што ги надминува границите на просторот и времето и на крајот создава сопствена верзија на стварноста.“ - Критика политична
„Овој роман е љубовно писмо долго стотина страници. Авторката вешто и искрено раскажува за искусувањето на страста, за љубовта која никој не ја нарекува со вистинското име.“ - Газета виборча
Наслада
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Марта Ѓидо
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Последната пролет во Париз
Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача ќе ги спои судбините на две непознати жени. ..
338 ден 450 ден
Божиќна романса
Моли и Ендру се обидуваат да стигнат дома во Ирска за Божиќ, кога поради страшно невреме им го откаж..
375 ден 500 ден
Љубов пред Божиќ
„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”По тешки..
360 ден 450 ден
Изгубената ќерка
Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..
392 ден 490 ден
Ознаки: naslada, marta gjido
