Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц. Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв. Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува. А таа токму тоа и го заслужува, бидејќи е обична, еднолична девојка во свет кој цени само убавина; темпераментна девојка во свет кој сака таа да е кротка и понизна.
Изабел многупати се има обидено да се вклопи. Да ги исполни очекувањата на мајка си. Да биде повеќе како својата присестра. Да биде мила и слатка. Да биде убава. Едно по едно, таа долго време наназад отфрла делчиња од себе само за да преживее во свет кој не ги вреднува и цени девојките како неа. И сето тоа ја има направено злобна, љубоморна и празна однатре. Тогаш добива шанса да ја промени својата судбина и да го докаже она што грдите присестри отсекогаш го знаеле: треба многу повеќе од скршено срце за да се скрши девојка...
Присестра
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џенифер Донели
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Ти си мојот живот
… Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика: "Кај си, сонце на мама. Кај си, среќ..
263 ден 350 ден
Чекај ме кај езерото
Ферн Брукбенкс голем дел животот поминала размислувајќи за Вил Бакстер. Во своите рани дваесетт..
375 ден 500 ден
Патот што го одбрав
Добитник на Романијада 2019 година е ракописот „ПАТОТ ШТО ГО ОДБРАВ“ на младата и талентирана Ангела..
225 ден 300 ден
Ознаки: prisestra, djenifer doneli

