Грција во старо време на богови и јунаци.
Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е прогонет на дворот на кралот Пелеј и неговиот син Ахил. Така им се вкрстуваат патиштата и меѓу нив се раѓа нераскинливо пријателство. Додека растат и се воспитуваат во различни вештини, нивното другарство се продлабочува – и покрај противењето на Ахиловата мајка, суровата морска божица Тетида. Но веста за грабнувањето на убавата Елена го прекинува идиличниот живот и го обновува пророштвото дека само Ахил може да ја реши војната за нејзино враќање. Раскинат помеѓу љубовта и стравот, Патрокле тргнува со Ахил кон Троја, не знаејќи дека тие години ќе стават на проба сѐ што им е важно.
Потресна и волшебна верзија на Тројанската војна, болна приказна за љубовта, но и за непомирливата борба меѓу боговите и кралевите, спокојот и честа, бесмртната слава и човечкото срце.
"Фантастично живописна и уверлива верзија на една од најлегендарните љубовни приказни.“ - Ема Донахју
„Мадлин Милер со голема имагинација и стручност ги оживува впечатливите случувања во стара Грција. Освојува сосем нова територија прераскажувајќи ја една од најстарите приказни на светот – за мажите во љубовта и војната, но и за извонредните жени.“ - Паблишерс викли
„Роман што се чита поради неговите квалитети, но ако притоа ги инспирира читателите да им се вратат на Хомер и неговите наследници, треба да му се припише и таа заслуга.“ - Вашингтон индипендент ривју оф букс
Ахиловата песна
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Мадлин Милер
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Приказни полни со надеж
"Тетовирачот од Аушвиц" е една од најпродаваните книги на 21-от век. Сега, во најновата кн..
338 ден 450 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Телефонската говорница на крајот од светот
Книгата е инспирирана од вистинска телефонска говорница што се наоѓа во североисточниот дел на Јапон..
263 ден 350 ден
Ознаки: ahilovata pesna, madlin miler
