"1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…" - ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУН
Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
Виконтот кој ме сакаше
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џулија Квин
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Невообичаен Велигден
Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството ..
210 ден 300 ден
Со љубов од Лондон
Кога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родн..
368 ден 490 ден
Ѕвончиња во снегот
На времето, Кајла Грин го обожавала Божиќ. Сега, единствената божиќна желба ѝ е „најмагичниот период..
315 ден 420 ден
Ознаки: vikontot koj me sakase, djulija kvin

