Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонуваат пред принц уште од најрана возраст. Аристократското општество е полно со пишани, но и голем број непишани правила, кои едноставно се подразбираат. Еден вистински војвода треба да е авторитативен и резервиран. А младите дами кои се на возраст за брак треба да се културни и пријателски настроени, но никако премногу пријателски настроени.
Дафне Бриџертон отсекогаш имала проблем токму со ова. Бидејќи потекнува од огромно семејство во кое владее хармонија и блискост, таа се има спријателено со сите најпожелни ергени во Лондон. Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.
За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството – баш како што неговиот ладен татко го дистанцирал него од себе во текот на целото негово болно детство. Но добива уште подобра идеја кога наидува на сестрата на неговиот најдобар пријател. Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.
Планот е одличен, барем на почетокот. Но сите знаат дека љубовта ги игнорира сите правила…
Војводата и јас
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џулија Квин
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Од жарјето
Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример: оглушувачкиот звук на експлоди..
336 ден 420 ден
Љубовта не гори во пожар
Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа н..
323 ден 430 ден
Ајде погледни ме сега
Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“. Но, кога ќе остане без р..
315 ден 420 ден
Гласот на Арчер
"Неговите очи ми кажуваа сѐ што со гласот не можеше. Разменивме илјада зборови без да изустиме ниту ..
364 ден 520 ден
Ознаки: vojvodata i jas, djulija kvin

