Дваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен филм сместен во Њујорк. Единствениот проблем? Со месеци има креативна блокада, а рокот за сценариото ѝ истекува на крајот од летото.

Во очајна потрага по инспирација, Ел се враќа во градот во кој се заколнала дека никогаш повеќе нема да стапне. Се вселува во стан што во нормални услови не би можела да си го дозволи (со прозорци од под до таван, поглед кон хоризонтот и ново кафуле што веднаш ѝ станува навика). Совршено место за пишување… Сè додека не сфати дека нејзиниот нов сосед е технолошкиот „Ерген-милијардер“, Паркер Ворен – човекот со кого имаше неславна авантура на скалилата во еден ноќен клуб пред две години. Веќе комплицираниот однос „од љубовници до непријатели“ штотуку станува уште полош.

Кога повторната средба со него се претвора во ноќ исполнета со омраза и неочекувана инспирација, Ел сфаќа дека нејзиниот најголем непријател можеби е токму човекот што ѝ треба за да го доврши сценариото... Таа пишува анонимно, а тој е на насловната страница на секое бизнис списание. Тој посетува раскошни настани со црвени теписи, а таа не сака да излезе надвор од својот „емоционално безбеден радиус“ од пет блока. Едно лето. Еден ѕид меѓу нив.

Еден договор ги спојува: нему му треба лажна врска, нејзе ѝ е потребен филм базиран на автентични локации низ Њујорк. На двајцата им е потребна пауза од немилосрдните распореди и шанса повторно да ги откријат блескавите облакодери, вкусот на пицата и сончевиот шарм на градот.  Едно лето во Њујорк, еден ѕид меѓу нив и правила што не смеат да се прекршат. Оваа летна романса е само договор. Сè е глума. Ветување.
Сè додека веќе не е така.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лето во градот

  • Издавачка куќа: Читај книга
  • Автор: Алекс Астер
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 443 ден


  • 1 или повеќе 148 ден

Слични продукти

Војводата и јас

Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонув..

Автор:

360 ден 450 ден

Море од спомени

Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината ..

Автор:

368 ден 490 ден

На плажата Чесил

Во 1962 година, Флоренс и Едвард го прославуваат почетокот на својот меден месец во еден хотел покра..

Автор:

273 ден 390 ден

Доказ за љубов

По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж..

Автор:

320 ден 400 ден

Ознаки: leto vo gradot, aleks aster