Од USA Today авторката на бестселери Одри Џ. Кол, пристигнува вознемирувачки трилер за жена соочена со незамисливото - нејзиното бебе исчезнува за време на лет кон Њујорк.

Кога набрзина се враќа на своето седиште, Микејла Роси чувствува олеснување што сè изгледа мирно. Но, кога погледнува кон своето заспано бебе, олеснувањето веднаш се претвора во паника. Колевката е празна.

Лиам го нема.

Тоа беше долг лет од Анкориџ до Њујорк. Бидејќи стјуардесите беа зафатени, Микејла неволно замоли патничка да внимава на нејзиниот син додека таа отиде до тоалетот. Ја немаше само неколку минути. А, сепак, на триесет илјади стапки височина, тој исчезна.

Патниците и екипажот го пребаруваат авионот, но без успех. А, кога никој не се сеќава дека ја видел со бебето, сомнежот се насочува кон неа. Сигурна е дека не го губи разумот, како нејзината мајка - пред очите на целата јавност. Само Џек да беше тука, нејзиниот сопруг ќе ѝ поверуваше. Како успешен банкар објавен во Форбс, можеби и ќе помогнеше.

Но, овојпат Микејла е сама. И ќе мора да размислува брзо ако сака да го пронајде својот син – пред да биде предоцна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Исчезнат во лет

  • Издавачка куќа: Читај книга
  • Автор: Одри Џ. Кол
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 138 ден

Слични продукти

Портите на Еванџелина

Кога њујоршката новинарка Чарли Кејтс ќе почне да сонува живописни соништа за деца ѝ се чини дека го..

Автор:

413 ден 550 ден

Ми припаѓаш мене

Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства Фицпатрик ќе го одведе до..

Автор:

338 ден 450 ден

Смрт на Нил

На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како..

Автор:

304 ден 380 ден

Фатена во тесно

Луѓето не исчезнуваат тукутака. Но, токму тоа му се случи на Том Ватли, сопруг на една од колешките ..

Автор:

364 ден 520 ден

Ознаки: isceznat vo let, odri kol, одри кол