Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои никогаш не можеле да ги предвидат.

КАРА, 2017 год: Кога трговецот на антиквитети Кара Харгрејвс расчистува стар имот, открива остатоци од една изгубена љубов: заборавен дневник што датира од Втората светска војна и фотографија од насмеана млада жена во униформа. Нестрплива да го пронајде авторот на дневникот и жената-војник од фотографијата, таа набрзо сфаќа дека можеби не е подготвена за суровата реалност на военото време во Лондон, за коешто дознава читајќи ги страниците.

ЛУЈЗА, 1941 год: Во 1941, деветнаесетгодишнта Лујза Киин го живееше животот за којшто другите одлучуваа. Таа ќе остане во нејзиното село, ќе го чека богатиот додворувач додека не се врати од војната за да ја побара нејзината рака. Но, кога Лујза неочекувано ќе го запознае пилотот Пол Болтон, атрактивен РАФ пилот, стациониран во локалната база, сè се менува. И повторно сè се менува, кога единицата на Пол е преместена без предупредување. Очајна за нешто повеќе и поголемо во животот, Лујза се приклучува на женскиот огранок на Британската Армија во анти-воздушната артилериска единица како девојка-артилерец.

Како што паѓаат бомбите над Лондон, таа и останатите девојки уживаат во нивните задачи, идентификувајќи ги авионите на непријателите за време на воздушните напади. Единствената работа што ја води Лујза низ оние темни ноќи исполнети со куршуми е сознанието дека таа и Пол наскоро ќе бидат заедно, кога војната ќе заврши. Но, кога купчето од нејзините напишани писма за него ќе ѝ се вратат неодговорени, таа сфаќа дека воената романса може да има многу пoтемна страна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Светлината над Лондон

  • Издавачка куќа: Читај книга
  • Автор: Џулија Кели
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 113 ден

Слични продукти

Пуританската принцеза

Осумнаесетгодишната Френсис, најмладата ќерка на Оливер Кромвел, водач на парламентарните сили во&nb..

Автор:

420 ден 600 ден

Болка во џебот

Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патничк..

Автор:

188 ден 250 ден

Предоцна

Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавен..

Автор:

392 ден 490 ден

Холандската куќа

На крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: svetlinata nad london, djulija keli