Пловејќи на Еџ ја раскажува приказната за Емералд Лејк Висер, несреќна четиринаесетгодишна девојка, која станува сираче на пет години, и живее на фармата кај тетка ѝ чичко ѝ. Поинаква од нејзината заедница и во училиштето, единствена вистинска пријателка ѝ е една постара жена, Џес, која ја учи да плови. Ема е природен морнар, како да пловела со брод целиот живот.
Кога Џес умира, Ема открива дека таа ѝ била баба. Набрзо Ема добива писмо во кое се вели дека нејзината мајка можеби живее на Бахамите, па Ема бега на Еџ, бродот на баба ѝ, за да ја најде. Преправајќи се како момче, Ема плови со Еџ преку каналот Ери, по реката Хадсон, излегувајќи на Атлантскиот океан сѐ до Мајами, каде што го преминува заливот кон Бахамите. Навигациони грешки, проблеми со крајбрежната стража, грабеж и невреме, ја ставаат Ема постојано во опасност.
Како тоа да не е доволно, кога ќе стигне во Њујорк, се сомнева дека ја следат. Забележува мали црни камчиња кои се појавуваат на нејзиниот брод, заедно со валкани стапалки во кабината. Кога рачно напишана белешка ќе се најде на нејзиниот брод, таа е многу исплашена. Ема нема пасош и е малолетна. Ако ја фатат, ќе ја вратат на фармата. Но, Ема е решена да ја најде својата мајка!
„Волшебна приказна за авантурите на Ема, четиринаесетгодишно сираче што плови по водите од Канада до Бахамите, во потрага по својата мајка. Еве една бестрашна и силна хероина, која сигурно ќе го привлече вниманието на читателите низ светот. Ја доловува слободата на пловењето и нераскинливите врски на семејството, во приказна со единствена убавина.“ - Гејл Беник
Пловејќи на Еџ
- Издавачка куќа: Прозарт
- Автор: Лесли Страт
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Горчливиот вкус на успехот
…И покрај големиот успех во Париз, на лицето на Петра провејуваше една сенка што ги истакнуваше нејз..
263 ден 350 ден
Земја на номадите
Откако цел живот се обидувале да го достигнат американскиот сон, дошле до заклучок дека сето то..
368 ден 490 ден
Лето во Тоскана
Полина Фонтана е жизнерадосна старица, која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но,..
400 ден 500 ден
Ахиловата песна
Грција во старо време на богови и јунаци.Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е пр..
400 ден 500 ден
Ознаки: plovejkji na edj, lesli strat
