1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел од темна лондонска уличка, Нела го чека својот најнов клиент. Некогаш почитувана исцелителка, сега го користи своето знаење за мрачна цел - им продава добро прикриени отрови на очајни жени, кои би убиле за да се ослободат од мажите во своите животи.
Правило бр. 1: Отровот никогаш не смее да се користи за да се повреди друга жена.
Правило бр. 2: Имињата на убиецот и жртвата мора да бидат запишани во дневникот на аптекарката.
Кога ќе се покаже дека нејзиниот нов клиент е дванаесетгодишно девојче по име Елајза, неочекуваното пријателство започнува низа настани кои го загрозуваат светот на Нела и се закануваат да ги разоткријат многуте жени чии имиња се запишани во нејзиниот дневник.
Во денешен Лондон, амбициозната историчарка Керолајн ја поминува осамено десетгодишнината од својот брак. Кога ќе најде старо аптекарско шишенце на брегот на реката Темза, поврзано со нерешените „аптекарски убиства“ што го прогонувале Лондон пред повеќе од два века, животот на Керолајн ќе се преплете со животот на Нела и Елајза во неверојатен пресврт на судбината...
Тајната аптека
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Сара Пенер
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Чуварот на крокодили
Кога фикцијата и реалноста се пресретнуваат, границата меѓу нив може да биде крајно смртоносна.Во це..
338 ден 450 ден
Љубов во книжарница
Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаа..
315 ден 420 ден
Убиствата во Сон
Експертка за говор на телото и сеќавања, и консултантка на полицијата во Осло, психологинката Кари В..
323 ден 430 ден
Манипулаторот
По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член на гватемалската елита..
300 ден 400 ден
Ознаки: tajnata apteka, sara pener

