„Да мислиш дека си некој е глупост, да се изгради личност е моќ.“
Личноста е богатство коешто е вградено во нас. Тоа е ретко богатство кое само малкумина имаат трпение да го усвојат, тоа е нешто што некои го поседуваат но имаат слабост да го изгубат кога паѓаат во искушение од животот да се обликуваат според заедничкото стадо. Личноста е благороден квалитет, бидејќи за да постои кај сите таа бара огромни напори за самоконтрола, големо саможртвување пред другите.
Изберете ја вашата личност и правиот пат за да ја постигнете. Не користете го најкусиот пат каде што има премногу препреки кои треба да се надминат. Изберете добар водич за вашиот начин, за моќта на волјата, и добро јако јаже за да ве држи исправен и на работ од провалиите на обесхрабрувањето, тагата и очајот – во истрајноста. Сакајте да бидете во друштво, проширувајте ги вашите врски. Човек никогаш не може да успее сам. Најдете добра поддршка и изградете ја вашата личност на веќе постоечка личност. Обидете се да извлечете нешто добро од вашите лични достигнувања. Немојте да бидете совладани од можен неуспех. Живејте стоички на границите на ветената земја и покрај револтите и неверувањето кои мрморат во вас. Бидете како добар морнар. Тој многу добро го знае морето и никогаш не се обесхрабрува од неговите каприциозни досетки. Чекајте спокојно во барот сѐ додека маглата што го покрива вашиот хоризонт не се крене и не пропуштајте да управувате правилно.
Архитектура на личноста
- Издавачка куќа: Ѓурѓа
- Автор: Х. Лорен
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
210 ден
-
- 1 или повеќе 210 ден
Слични продукти
Светот ти припаѓа тебе: Погледни се како го правиш тоа
Светот ти припаѓа тебе е книга која го издржа тестот на времето. Ова е книга за секој што сака да ја..
280 ден 400 ден
Големата петка во животот
Оваа книга ќе ве инспирира. Ќе го промени начинот на кој ја гледате сопствената улога како лидер, а ..
188 ден 250 ден
Мудар родител – време е за градинка
„Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат ..
488 ден 650 ден
Не знам кај ми е главата
Оваа книга е водич, заснован на истражување за тоа како жените можат да се справат со менопаузата, к..
293 ден 390 ден
Ознаки: arhitektura na licnosta, loren
