Oној што со поддршка на здравиот разум ќе успее да владее со себе, може без ароганција да го пресмета часот кога ќе завладее со умовите на другите. Сега и вие можете да имате корист од учењата на овој голем шогун. Тие се мудроста на јапонскиот воин за современиот свет.
Во Здравиот разум ќе научите дека тој е атрибут кој успешно ќе ве понесе низ животните дилеми, и е квалитет кој мора да се развие за да се искористи до неговата целосна практична вредност.
Здравиот разум е суштинско четиво за секој што талка низ современите граѓански боишта на бизнисот, политиката или општеството воопшто. И без разлика колку се стари неговите упатства, тие се, несомнено, применливи и денес. Ќе ви помогнат да го фокусирате умот, да ја усовршите перцепцијата, да ја користите моќта на расудувањето и да вежбате самодоверба и контрола.
Здравиот разум е наука. Според Јоритомо, тој не се развива и не цвета сам од себе, природно, во умовите на луѓето, туку тој бара да биде негуван, а уметноста на резонирање се постигнува исто како и сите други способности кои се потребни за изградба на морална рамнотежа. Со тоа ќе ги гледате работите онакви какви што се и ќе ги правите работите како што треба.
Здравиот разум
- Издавачка куќа: Ѓурѓа
- Автор: Јоритомо Таши
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Богатство што не се купува со пари
Ако си креативен, продуктивен, амбициозен – или сакаш да станеш – оваа книга е за тебе.„Богатство шт..
450 ден 600 ден
Ми велеа дека сум пречувствителна
Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!Имаш ненадејни промени во распол..
315 ден 420 ден
Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологи..
488 ден 650 ден
Пресвртна година
Сите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави...Секој ден може да стане..
375 ден 500 ден
Ознаки: zdraviot razum, joritomo tasi
