На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?

Смртта секогаш нè фрла во ладна вода, која е длабока и во која не знаеме да пливаме. А тогаш како единствен спасител ни доаѓа тагата. Таа исто како и другите емоции си го бара својот дел од вниманието. Што се случува доколку ја игнорираме? Расте! И како мала снегулка тркалајќи се од врвот на планината може да нè поклопи како снежна лавина кога најмалку очекуваме.

Четиринаесетгодишната Мелек прерано ги запознава смртта и разделбата, па мора да гази само врз рушевините на нејзиното навидум среќно семејство. Откривајќи го својот вистински идентитет, лута на сите, го напушта своето родно место и по вина на нејзиниот брат Нихат заминува во пеколот. Нихат е западнат во неволји, и не можејќи да се грижи и за неа, ја мажи за богат, но постар човек. Сама и исплашена, без право да одлучува, останува да живее туѓ живот. Иако несреќна, му носи среќа и две рожби на својот сопруг, кој неизмерно ја сака. Се помирува со нејзината судбина сè до еден ден кога се чувствува толку моќна да го преземе животот во свои раце.

Каде сè ќе ја однесе оваа одлука старата Мелек и новата Клеа? Ќе успее ли да ја стопи снегулката тага, или ќе ја поклопи снежната лавина? Ќе може ли сама да се избори со минатото за некогаш вистински да љуби?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вилинско коњче

  • Издавачка куќа: Збор
  • Автор: Илина Јовановиќ Јаковчевска
  • Достапност: In Stock
  • 350 ден
  • 245 ден


  • 1 или повеќе 245 ден

Слични продукти

Девојката од писмото

Срцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува т..

Автор:

338 ден 450 ден

W - Штикс

Игор Штикс е левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за ..

Автор:

338 ден 450 ден

Ќерка на правта

Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..

Автор:

315 ден 420 ден

Балерини

Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност. Базирана ..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: vilinsko konjce, ilina jovanovikj jakovcevska