Темите кои го обликуваат пејзажот на овој впечатлив краток роман се длабоко универзални во својата романтичност, а оттука и податни за читатели што доаѓаат од секоја доба и лична убеденост, а истовремено исткајани со механичка прецизност и болна висцералност, што им дава посебна вредност.
Нанесувајќи слој по слој комплексна интимност во портретот на едно семејство сочинето во несреќно-среќни услови, авторот ни докажува дека превртливиот однос меѓу радоста и очајот во секојдневието честопати се должи на таложењето на ситни нешта кои, сепак, поседуваат неблагородна склоност да прераснат во амалгамни ѕверови кои ни ги поробуваат душите. Во секој ред од „Ѕвончица и волците“, притисокот на брилијантната технологија на денешницата конзистентно пулсира како мачна и корозивна сила која се храни со тајни и го фасцилитира распаѓањето на аналогните односи меѓу нејзините корисници.
Оваа книга е за тоа дали навечер легнуваме да спиеме знаејќи дека сме дале сѐ што било можно, или пак пресметувајќи сѐ што можеше да биде. Оваа книга е за лузните кои нѐ потсетуваат дека моќно сме љубеле, наместо плашливо живуркале. За кршливоста која е инхерентна во секоја тврдина и секоја кула од слонова коска. За доблеста на загубата. А најмногу од сѐ, за неприкосновената светост на детското внимание.
Ѕвончица и волците
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Јовица Вулетиќ
- Достапност: In Stock
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Додека има ѕвезди
Уживајќи со својот свршеник во романтична вечера во еден од најубавите ресторани во Сиетл, Кејли раз..
368 ден 490 ден
Што остави зад себе
1929 година: На осумнаесетгодишна возраст Клара е растргната помеѓу љубовта на нејзиниот живот и неј..
329 ден 470 ден
Ноќта кога ја напуштив Прага
Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е ед..
263 ден 350 ден
Ознаки: zvoncica i volcite, jovica vuletikj