Напишан во 1862 година, „Клетници“ се смета за еден од најзначајните романи на деветнаесеттиот век. Ги следи животите и случките на неколку француски ликови за период од 17 години во почетокот на XIX век, започнувајќи од 1815 година, па сè до 1832 година кога се случува Јунското востание.
Романот се сосредоточува врз борбите на поранешниот осуденик Жан Валжан и неговото избавување. Писателот ја испитува природата на законот и славата, пишува за историјата на Франција, архитектурата во Париз, политиката, моралната филозофија, антимонархизмот, правдата, религијата, и типовите и природата на романтичната и семејната љубов.
Приказната е историска белетристика затоа што содржи реални и историски настани. Романот „Клетници", освен како книжевно дело, на многумина им е познат и преку неговите бројни сценски и филмски адаптации.
Клетници 2
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Виктор Иго
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат
"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..
560 ден 800 ден
Психопорно
„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..
300 ден 400 ден
Ознаки: kletnici, viktor igo