„Тетка Хулија и скрибоманот“ е брилијантен, повеќеслоен роман сместен во онаа Лима од младоста на авторот каде што младиот студент по име Марито Варгитас напорно работи во одделот за вести на локалната радиостаница. Неговиот млад живот го разбрануваат пристигнувањата на двајца луѓе.
Првото е доаѓањето на неговата тетка Хулија, неодамна разведена и тринаесет години постара, со која започнува тајна врска. Второто е она на маничниот радиосценарист по име Педро Камачо, чии жестоки, зајадливи сапунски опери ги воодушевуваат слушателите во градот. Педро го избира младиот Марито да биде човекот на кого ќе му се доверува додека полека полудува.
Испреплетувајќи ја приказната за животот на Марито со сѐ пожестоките приказни на Педро Камачо, романот на Марио Варгас Љоса е урнебесен, палав и маестрален, класика прогласена за една од најдобрите книги во 1977 година.
Тетка Хулија и скрибоманот
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марио Варгас Љоса
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
350 ден
-
- 1 или повеќе 350 ден
Слични продукти
Книгите што го проголтаа татко ми
Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи ..
175 ден 250 ден
Дождови во мај
Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлив..
175 ден 250 ден
Избрани раскази
Чехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои ..
338 ден 450 ден
Како да се биде девојка
Една поинаква книга за девојки!Дали некогаш си се запрашала зошто постојат правила кои се чини дека ..
210 ден 280 ден
