Подобрете ги сите области на своето здравје – спиењето, желбата за храна, расположението, енергијата, кожата, тежината – па, дури и забавете го стареењето со помош на едноставни и научно втемелени трикови за управување со нивото на шеќер во крвта, а истовремено продолжете да ја јадете храната што ја сакате.
Гликозата (шеќер во крвта) е малечка молекула во нашето тело што има огромно влијание на нашето здравје. Таа стига во крвотокот благодарение на храната што содржи скроб или шеќер. Деведесет отсто од луѓето страдаат од преголема количина во организмот, а тоа речиси и не го знаат.
Кои се симптомите на тоа? Копнежот по храна, уморот, неплодноста, хормонските нарушувања, акните, брчките… Со време дури можат да се развијат и болести како што се дијабетес тип 2, синдромот на полицистични јајници, рак, деменција и срцеви заболувања.
Потпирајќи се на најсовремените научни откритија и на своите пионерски истражувања, биохемичарката Жеси Еншоспе нуди десет едноставни и изненадувачки трикови што ќе ви помогнат да го урамнотежите нивото на гликоза и да се ослободите од симптомите, а притоа не морате да држите диета, ниту да се одрекувате од храната што ја сакате.
Ќе дознаете:
– како внесувањето храна по соодветен редослед ќе ви помогне без напор да изгубите килограми;
– која тајна состојка ќе ви овозможи да изедете десерт, сепак да поминете во режим на согорување на маснотиите;
– која мала промена во она што го јадете за појадок може да доведе до тоа да имате повеќе енергија и помалку копнеж по храна.
Забавна, информативна и преполна со најнови научни податоци, оваа книга претставува нов начин на размислување за подобро здравје. Гликозна револуција содржи голем број совети што можат драстично и речиси во истиот миг да го подобрат вашиот живот без оглед на тоа што преферирате во храната.
Гликозна револуција
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Жеси Еншоспе
- Достапност: На залиха
- 430 ден
-
323 ден
-
- 1 или повеќе 323 ден
Слични продукти
Се што би сакал да знаев порано
Во секој од нас постои дел што никогаш не расте – детето кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè..
224 ден 299 ден
Владетелот
Оној кој помалку се потпира на среќата, подолго се задржува на власт.„Владетелот“, најпознатото дело..
188 ден 250 ден
Дневникот на еден извршен директор
Роберт Грин, авторот што направи бум со својата нова филозофија на моќта, му оддаде признание на Сти..
413 ден 550 ден
Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологи..
488 ден 650 ден
Ознаки: glikozna revolucija, zesi ensospe
