Рут е преубава, млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник, кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија.
Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија, кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење.
Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај.
Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи.
По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци.
Патеката на слоновите
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Роберт Стендиш
- Достапност: На залиха
- 430 ден
-
323 ден
-
- 1 или повеќе 323 ден
Слични продукти
Нултиот час
Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..
375 ден 500 ден
Шпанска љубовна измама
Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино се..
443 ден 590 ден
Книгата на изгубени имиња
Најпродавана книга според Њујорк тајмс, инспирирана од вистински настани за животот на фал..
375 ден 500 ден
Се што заборавила Алиса
Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.&nbs..
413 ден 550 ден
Ознаки: patekata na slonovite, robert stendis
