Поминаа десет години откако Николет Фарел – Ник, го напушти провинциското гратче Кулеј Риџ, откако нејзината најдобра пријателка Корин исчезна без трага. Ник е верена за успешен адвокат од високите кругови во Филаделфија, успеала да изгради завидна кариера, ама враќањето во родното место ги отвора старите рани. Средбата со некогашните пријатели и поранешниот младич Тајлер кај Ник предизвикуваат неочекувани чувства, а демоните од минатото ја гризат од внатре.
Што се случило онаа кобна ноќ кога Корин исчезна од забавниот парк?
Николет е повторно влезена во центарот на шокантна драма, а случајот стар десет години повторно е отворен. Сега, кога исчезна уште една девојка од нивната стара дружина, Аналеис Картер, јазолот од тајни и лаги на прв поглед изгледа нерешлив, а во ноќниот кошмар Тајлер е единствено засолниште за Ник.
Дали Ник е невина жртва или фатална жена, останува неизвесно до самиот крај на овој врвно напишан психолошки трилер.
„Восхитувачки психолошки трилер за девојката што мора да се соочи со своите најмрачни стравови и да ги победи демоните од минатото“, ВОЈА
„За сите што сакаат паметно напишана мистерија со доза на романтика“, Bookish.com
Меган Миранда е американска писателка најпозната по наградуваниот роман и Њујорк тајмс бестселер „Сите исчезнати девојки“. Напишала и неколку романи за млади: „Фрактура“, „Хистерија“, „Одмазда“, а поттикната од успехот на својот прв трилер, ги напиша психолошките трилери „Совршениот странец“, „Последниот гостин“, „Толку тивко место“, „Единствените преживеани“ и „Последниот исчезнат“.
Сите исчезнати девојки
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Меган Миранда
- Достапност: На залиха
- 430 ден
-
323 ден
-
- 1 или повеќе 323 ден
Слични продукти
Жртва 2117
Застрашувачка меѓународна истрага ја открива сложената животна приказна на еден од членовите на одде..
413 ден 550 ден
Некој близок
Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат...Кога осумгодишната Дејзи Мејсон ..
315 ден 420 ден
Се што правиме во мракот
Парис Пералта е осомничена дека го убила својот славен сопруг, а нејзиното минато што долго време го..
375 ден 500 ден
Ознаки: site isceznati devojki, megan miranda
