Во најтесен избор за најдобар роман во 2022 година на „Гудридс“.

Најпродавана книга според Њујорк тајмс и Сандеј тајмс.

Неверојатна книга за која уште долго ќе се зборува.

По смртта на сопругот, Това почна да работи во аквариумот во Совел Беј, во близина на Сиетл. Чистењето подови во текот на вечерните часови, во друштво на суштества кои тивко се движат во базените ѝ помагаат да се носи со тагата и осаменоста, откако го изгуби својот осумнаесетгодишен син Ерик, пред триесет години.

Главната атракција на овој аквариум е Марселус. Тоа е еден огромен октопод од Пацификот, кој од својот базен го набљудува секое движење на Това. Марселус знае многу повеќе отколку што можеме да замислиме, но тој не би ни мрднал со едната од своите осум раце за да им помогне на луѓето – неговите киднапери. Сè до една неверојатна случка, што ќе го развие необичното пријателство со Това.

Бистриот Марселус, сфаќа што се случило онаа кобна ноќ, кога исчезна Ерик, синот на Това и сега мора да ја искористи секоја финта со своето тело за да ѝ ја покаже вистината на Това, пред да биде предоцна.

Романот на Шелби Ван Пелт, што го освои светот и е една од најчитаните книги, е потсетник дека понекогаш внимателното разгледување на минатото, може да помогне да се открие иднината што некогаш се чинела невозможна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Неверојатно бистри суштества

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Шелби Ван Пелт
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Солзи од килибар

Од татковината што наскоро ќе им исчезне, две семејства од различни делови на Прусија, Шипер и Халбр..

Автор:

518 ден 690 ден

Седумте мажи на Евелин Хуго

Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистинат..

Автор:

338 ден 450 ден

Без засолниште

Роман што ги преплетува минатотo и сегашноста, за да се увиди отпорноста и сочувството на луѓето во ..

Автор:

368 ден 490 ден

Линија помеѓу две неба

Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судб..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: neverojatno bistri sustestva, selbi van pelt