Романот по кој е снимена хит серијата "Истанбулската невеста."

Необичната животна приказна на Ала – девојка израсната без љубов во домот на деспотската баба Есма-султан и покрај негрижливиот однос на мајката Суреја, додека татко ѝ е во затвор. За да ги надмине болката и очајот, Ала тргнува на психотерапија, ама во почетокот се спротивставува и прави сѐ што е можно за да ги разурне границите на трпението на својот терапевт.

За да ја прекине тишината од нејзиното молчење и да стигне до неа, психотерапевтката од сенките на минатото раскажува најразлични приказни: за мистериозните тајни на младиот фараон Тутанкамон, интересните моменти од животот на Хитлер и Фројд… Необичната судбина на царицата Катерина, која во своето детство била перачка и проститутка. Животот на Ева Перон и принцезата Сораја исполнет со тага.

Макар и во продолженија, противењето на Ала почнува да се надминува. И тогаш молчењето престанува. Настаните, кои ѝ го кршеле срцето во минатото, бавно излегуваат на виделина. Приказна што засенува сѐ со болка, ужас и тага… Но, и приказна за успехот што следува по допирот на волшебното стапче на психоанализата…

Писателката создава роман врз основа на животните приказни на различни луѓе. Како резултат на тоа, се добива вистинско чувство за реалноста и книгата се чита во еден здив.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Врати се кон животот

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Ѓулсерен Будајџоглу
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Драг Едвард

Едно летно утро, дваесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници се ..

Автор:

338 ден 450 ден

Над дождот

Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..

Автор:

443 ден 590 ден

Домот за несакани девојчиња

Во 50тите години на минатиот век, во Квебек, Францизите и Англичаните се поднесуваат меѓусебно со не..

Автор:

443 ден 590 ден

Играта на господин Филип

Пензионерот Филип добива покана од продукциска куќа да учествува, како натпреварувач, во шоуто – „Шт..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: vrati se kon zivotot, gjulseren budajdjoglu