Еден војник е тешко ранет во конфликтните зони во Источна Украина. За чудо, успева да преживее, но целосно го губи сеќавањето, не го памети ниту своето име, ниту своето минато, ниту една блиска личност. И токму во таква состојба го наоѓа една жена, чии љубов и трпение се чини дека можат да го направат невозможното: да му ги обноват сеќавањата и да му го вратат изгубениот живот.
Езерото Амадока, за кое се верува дека било најголемото во Европа и се наоѓало на територијата на денешна Украина, се споменува во низа антички текстови и е нацртано на мапите на повеќе средновековни картографи. А, потоа, одеднаш исчезнало, како никогаш и да не постоело. На кој начин исчезнуваат огромни езера, цели народи и култури, сите сеќавања на некој човек? И што останува на нивното место?
Андрухович трпеливо и вешто гради мозаик од приказни во кој сите делови полека се склопуваат. Преплетувајќи митологија, филозофија, историја, биографии на реални личности и референции на цела низа книжевни дела, Андрухович во овој роман успева да зборува и за холокаустот во Втората светска војна и за сталинистичките чистки на советските интелектуалци и за современите политички и воени кризи што ја потресуваат Европа сè до денес.
Амадока
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Софија Андрухович
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
490 ден
-
- 1 или повеќе 490 ден
Слични продукти
Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија
„Цепај сине“ е толковен заебантски речник у манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе..
288 ден 360 ден
И така, ви велам...
Автобиографијата на Џон Клиз, "И така, ви велам..." е сето она што се очекува од нејзиниот автор – л..
400 ден 500 ден
Ознаки: amadoka, sofija andruhovic
