Откако Њујорк ќе биде погоден од силна бура, границата меѓу световите ќе биде пробиена и започнува епска борба меѓу доброто и злото која ќе трае илјада и една ноќ. Суштества со чудесна моќ ќе навлезат во нашиот свет и ќе ја нарушат рамнотежата на реалноста, која потоа некако ќе мора да биде одново воспоставена.
„Две години, осум месеци и дваесет и осум ноќи“ е современа интерпретација на „Илјада и една ноќ“, во која се преплетуваат историјата и митологијата и се отсликуваат древни конфликти што сè уште се актуелни и во нашиот современ свет. Истовремено, романот раскажува и нежна љубовна приказна која ги премостува границите на времето и на стварноста. Магичниот реализам на Ружди е брилијантно заокружен во ова дело преполно со интриги и пресврти, сатира и алегорија, љубов и искупување.
„Салман Ружди успева да поврзе љубовна приказна и политичка сатира, и тоа да ги пренесе во стилот на ‘Илјада и една ноќ’. Слично како Шехерезада, Ружди е автор за кого раскажувањето приказни е прашање на живот и смрт.“ - Тајмс
2 години, 8 месеци и 28 ноќи
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Салман Ружди
- Достапност: На залиха
- 660 ден
-
462 ден
-
- 1 или повеќе 462 ден
Слични продукти
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Богородичната црква во Париз
Богородичната црква во Париз е еден од најдобрите историски романи во светската литература. Во основ..
350 ден 500 ден
Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија
„Цепај сине“ е толковен заебантски речник у манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе..
288 ден 360 ден
Ознаки: 2 godini 8 meseci i 28 nokji, salman ruzdi, 2 години 8 месеци и 28 ноќи, две години осум месеци и дваесет и осум ноќи, dve godini osum meseci i dvaeset i osum nokji
