„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и разбирањето на историјата. Централна фигура во романот е професорката Елизабет Финч, која поради своите шарм, интелект и сфаќања е омилена помеѓу студентите. Нејзините белешки, записи и дневници остануваат кај еден од нејзините поранешни студенти, кој ќе биде поттикнат длабоко да ги промисли љубовта, пријателството и вистината.
Во својот најнов роман, наградуваниот автор Џулијан Барнс ги преиспитува границите на жанрот биографија, преплетувајќи ги фактите со фикција и истовремено истражувајќи ги филозофијата и промислувањето на историјата. „Елизабет Финч“ е роман за амбивалентноста, за преиспитувањето на нашите претпоставки и на нашите претстави за себе.
„Интригантно, суптилно и вешто напишано истражување на љубовта, тагата и колективните митови на историјата. Барнс додава уште една исклучителна книга во својата богата библиографија.“ - Буклист
„’Елизабет Финч’ е едно од најдобрите и, секако, едно од најамбициозните дела на Џулијан Барнс.“ - Телеграф
Елизабет Финч
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Џулијан Барнс
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
273 ден
-
- 1 или повеќе 273 ден
Слични продукти
Врати ми се
Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси! Такво беше мислењето на Мери..
343 ден 490 ден
Загубените писма
Во мугрите на првата светска војна, во градината каде штотуку процутила љубовта, една девојка мора д..
368 ден 490 ден
Куќата со жолта фасада
Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го з..
225 ден 300 ден
Ознаки: elizabet finc, djulijan barns
