Боровите острови истовремено е поетичен и смешно-ироничен роман за средбата со непознатото. Гилберт Силвестер, доцент чија научна кариера не е баш успешна, се буди од страшен кошмар и заминува во Јапонија, што е можно подалеку од сопругата која наводно го изневерува. Во Токио, тој ги купува патописите на јапонскиот поет Башо и решава самиот да тргне на патување како јапонските монаси, во потрага по единство со природата. Сепак, по случајната средба со младиот студент Џоса Тамагочи, неговото патување целосно ќе се промени.
„Романот Боровите острови го истражува модерниот начин на живот, откривајќи ја спокојната убавина што се крие зад маската на црниот хумор.“ - Ајриш тајмс
„Марион Пошман открила еден прекрасен јазик за Боровите острови, лаконски, транспарентен како уметничко дело од јапонската лак-техника, кое со повторното нанесување и полирање на нови слоеви добива дополнителна длабочина.“ - Франкфуртер алгемајне цајтунг
„Оваа чудесна книга на Пошман поседува аура на неоткриена грандиозност.“ - Гардијан
Боровите острови
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Марион Пошман
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Недрамски дела
„Но таа што никогаш не ги разбрала таквите очи,и не ги сфатила пораките од погледите блудни,и никога..
210 ден 300 ден
Книжевна конференција
Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елеме..
161 ден 230 ден
Мачкино око
Вознемирувачки, смешен и сочувствителен роман, во кој една жена се обидува да ги одмрси замотаните ј..
450 ден 600 ден
Одбивна среќа
Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, ер..
225 ден 300 ден
Ознаки: borovite ostrovi, marion posman
